Со игрите кои ги пружа сезонава, францускиот стопер Дајот Упамекано е еден од заслужните за одличниот почеток на Баерн Минхен во новата сезона. „Баварците“ се во неверојатна серија од 15 победи во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.
Договорот на Упамекано му истекува на крајот од сезоната, и тој како слободен може да си замине од клубот. Меѓутоа од Баерн Минхен сакаат да го задржат, па затоа наскоро ќе почнат преговори за нова соработка.
Од друга страна, Реал Мадрид го најави Упамекано како можно засилување за идната сезона бесплатно, и засилување на стоперската позиција, која сезонава е ранлива кај „кралевите“, а и треба да биде освежена, со оглед дека Алаба и Рудигер се на излезна врата од шпанскиот тим.
Затоа Упамекано ќе биде пред голема дилема, дали да замине во Мадрид и да го облече дресот на славниот Реал, или да остане во Минхен, каде што е од 2021 година, откако дојде од Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

