Натпреварот од францускиот фудбалски Суперкуп ќе се игра на 5. јануари следната година во Доха, а не во Пекинг како што првично беше планирано.
Натпреварот првично требаше да се одигра на .8 август годинава во Пекинг за да се одбележи 60-годишнината од француско-кинеските дипломатски односи, но кинеските власти го откажаа натпреварот.
Конечно, натпреварот помеѓу ПСЖ и Монако ќе се одигра на 5. јануари во Доха. Настанот треба да донесе три милиони евра во француската професионална фудбалска лига (ЛФП), од кои дел ќе одат за клубовите.
Слично се случи и минатата година, кога требаше да се игра Суперкупот во Тајланд, пред да биде донесена одлука натпреварот да се игра на „Паркот на принцовите“.
Францускиот Суперкуп се игра меѓу шампионот и победникот на Купот, но со оглед на тоа што ПСЖ минатата сезона ја освои двојната круна, ќе игра против вицешампионот Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА