Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен објави дека безбедносните сили спречиле план за напад на фудбалски натпревари за време на овогодинешните Олимписки игри во Париз.
Во соопштението, Дарманен наведува дека на 22. мај, членовите на Генералната дирекција за внатрешна безбедност уапсиле 18-годишник од Чеченија, осомничен дека планирал напад на натпревари во Сент Етјен.
Според истрагата, тој подготвувал напад на стадионот „Џефри Гишар“ во Сент Етјен, каде за време на Олимписките игри ќе се одржат неколку фудбалски натпревари. Планот бил да се нападнат гледачите и полициските сили, се наведува во соопштението и дека осомничениот сакал да „умре и да стане маченик“ во нападите.
Олимписките игри во Париз се од 26. јули до 11. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА