Француско славје сред Лондон: Дембеле, ВАР и Донарума го доближија ПСЖ до финале (ВИДЕО)

Еден гол го реши првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и ПСЖ кој се одигра вечерва на „Емирати“ во Лондон. Усман Дембеле стрелаше уште во 4. минута од средбата.

Премногу простор му дозволија фудбалерите на Арсенал на Кварацхелија, а овој додаде до Дембеле кој од прва шутираше прецизно во долниот лев агол, а топката од дирекот се одби во голот.

И покрај голот, ПСЖ лесно можеше да дојде и до 2-0, а потоа во финишот на првиот дел минути на Арсенал. Мартинели имаше супер шанса, излезе сам пред Донарума, но Италијанецот беше фантастичен.

На стартот на вториот дел Мерино ја погоди мрежата на Донарума. Со глава Шпанецот успеа да израмни, меѓутоа по ВАР проверката, истиот беше поништен поради офсајд.

Следуваа напади на Арсенал за да дојде до израмнување, шанса имаше и Тросар, идентична како Мартинели, меѓутоа одново Донарума беше фантастичен. Сето ова можеше да го казни Баркола, кој во 84. минута се најде во супер шанса, но шутираше само крај голот. Гонзало Рамош потоа ја погоди и пречката од голот на Арсенал, и не успеа на ПСЖ да му донесе дуплирање на водството.

Реваншот се игра веќе идната среда во Париз.

Се вчитува...