Французин со НБА искуство пред потпис со Партизан

Франуцскиот репрезентативец Френк Нтиликина е пред потпис со Партизан. 25-годишниот бек и белградскиот евролигаш се во завршна фаза на преговори за негов камбек во Европа од НБА лигата.

Бекот е дел од најсилното кошаркарско првенство од 2017 година настапувајќи за Њујорк, Далас и Шарлот. Претходно настапуваше и две сезони во Стразбург со кој беше именуван за најдобар млад кошаркар на првенството во 2016 и 2017 година.

Во текот на НБА кариерата ексползивниот бек бележеше просек од 4.8 поени, 1.8 скокови и 2.2 асистенции по натпревар.

Се вчитува...