Французинката Роман Мирадоли е сензационална победничка на супервелеслаломската трка во сезоната во светскиот куп во алпско скијање која утрово се возеше во швајцарскиот ски-центар Лензерхајде.
Французинката до својата прва победа во кариерата стигна со време од 1:19.87 минута, што беше за 38 стоти делови од секундата подобра од второпласираната Микаела Шифрин, која очигледно ги надмина проблемите кои ги имаше на игрите во Пекинг каде не освои ниту еден медал.
Третото место и припадна на Швајцарката, Лара Гут Бехрами која доцнеше 88 стотинки зад времето на победничка. И покрај тоа што го заврши денешниот супервелеслалом на деветата позиција, Италијанката, Федерика Брињоне го осигура малиот кристален глобус во оваа дисциплина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА