Французинките беа пресилен ривал за Германија

Франција е вториот полуфиналист на женскиот ракометен турнир на ОИ во Париз откако домашната селекција славеше над Германија со резултат 26-23. Французинките влегоа во мечот со серија од девет победи над Германија што траеше уште од 2015 година, низа што успеаја да ја продолжат со уште едно сигурно издание на патот до олимписки медал.

Дуелот почна со цврста одбрана на двете страни, па по девет минути  игра резултатот гласеше 1-1. Французинките први влегоа во ритам, набрзо потоа поведоа со 4-1, контролирајќи го резултатот до крајот на полувремето и на одмор заминувајќи со водство од 13-10. „Сино-белите“ потоа поведоа и со  15-10, но Германија се рабуди и возврати со фантастична серија од пет погодоци, израмнувајќи на 15-15. Тоа сепак не беше доволно за изненадување бидејќи Франција возврати со серија од 3-0 по што домаќинките повторно ја презедоа контролата. Германија не се предаде, се обиде да се врати, но Французинките имаа одговор во клучните моменти и стигнаа до триумф што значи и пласман во полуфиналето.

Таму Франција ќе ја очекува дуел со подобриот од мечот Шведска – Унгарија. Билет за полуфиналето веќе има и Данска, која ќе го чека победникот од последното четвртфинале меѓу Норвешка и Бразил.

Голманката Глаузер имаше 13 интервенции со 36% успешност, а најефикасни во нападот на Франција беа Хорачек со седум и Нзе Минко и Флипе со по четири погодоци. Прв стрелец на Германија во денешниот пораз беше Емили Белк со седум постигнати гола.

Се вчитува...