Французинките повторно шокирани на ОИ во Токио

Женската ракометна репрезентација на Франција би можела уште во групната фаза да го заврши настапот на ОИ во Токио, откако „триколорите“ на четртиот меч го претрпеа и вториот пораз, овојпат од селекцијата на Русија со минимални 27-28. Французинките претходно загубија и од Шпанија, а ако на ова се додаде и ремито со Шведска, јасно е дека „сино-белите“ ќе мора да одиграат далеку подобро во последното коло против Бразил, бидејќи неуспех на тој меч ќе значи и пакување на куферите и враќање дома.

Денешниот меч го одбележа израмнета игра, Русија беше подобра на стартот и поведе со 8-5 и 9-6, но Франција направи пресврт и на одмор замина со водство од 15-17. Преостанатите 30 минути минаа во тактичко надмудрување, но пресуди слабата реализација на француските напади во клучните моменти. „Триколорите“ се обидоа и со „седум на шест“, но во клучните моменти имаа и погрешни додавања на пивот, покрај тоа Пино не искористи зицер од контранапад кога Седојкина го запре нејзиниот шут во 60. минута, па поразот на Французинките беше неизбежен.

Илина со девет гола беше предводничка на Русија во денешниот триумф, додека на спротивната страна исто така девет пати прецизни беше Алисон Пино.

Црна Гора триумфираше над Јужна Кореја со 28-26, но Црногорките се уште математички го немаат осигурано пласманот во четвртфиналето (за тоа да се случи, потребно им е Јапонките во последното коло да загубат од фаворитот Новешка. Јованка Радичевиќ беше најзаслужна и за овој триумф на Црногорките, постигнувајќи шест погодоци.

Се вчитува...