Интересни натпревари на стартот од женскиот ракометен турнир на Олимписките игри во Париз.
Франција славеше против Унгарија со 31-28 и покрај тоа што Унгарките пружија максимален отпор, но Франција не дозволи било какво изненадување.
Најефикасна во победничкиот тим беше Естел Нзе Минко со шест погодоци додека Паулета Фопа постигна пет гола.
Во групата Б по два бода имаат Франција, Холандија и Бразил, додека без бодови се Ангола, Унгарија и Шпанија.
Во скандинавското дерби, пак, Шведска со 32-28 ја победи Норвешка, која на полувремето имаше водство од два разлика (15-17), но во второто полувреме Швеѓанките со пресврт дојдоа до победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА