Французинот Махамаду Кеита (29) кој игра на позицијата лево крило е нов ракометар на Вардар. Црвено-црните и официјално потпишаа договор со играчот кој моментно настапува во шпанската АСОБАЛ лига за тимот на Анхел Хименез, а има и трофеј од настапите во Лига Европа.
Како дел од Бенфика, во 2022 година Кеита ја освои Лига Европа, и беше дел од тимот кој во финалето го победи Магдебург.
Кеита има искуство со настапи во три лиги, во Франција каде играше за ЦСМ и Иври, во Португалија настапуваше за Бенфика, а во Шпанија за Логроњо и за Анхел Хименез. Со Бенфика и со Логроњо беше дел ЕХФ Лига Европа.
Во сезоната 22/23 како дел од Логроњо постигна 123 гола на 35 натпревари, а во моментов за Анхел Хименез има дадено 25 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА