Французинот Клеман Ноел стигна до златниот медал во слалом на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.
Францускиот скијач иако беше шести по првото возење, со неверојатна втора трка ја уништи конкуренцијата и стигна до најсјајното одличје. Ноел трката ја заврши со вкупно време 1:44.09 минута, што беше огромна 61 стотинка зад времето на сребрениот Јоханес Штролц кој стигна до вториот медал на игрите по златото во комбинацијата.
Бронзениот медал му припадна на Норвежанецот, Себастијан Фос-Солеваг кој доцнеше 70 стоти делови од секундата зад времето на победникот. До крајот на игрите остануваат уште две дисциплини во алпско скијање. Кај дамите треба да се вози комбинацијата, а на програмата е и тимското натпреварување кое е закажано за во сабота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА