Фудбалскиот сојуз на Белгија, по отказот за Доменико Тедеско, го именуваше Французинот Руди Гарсија за нов селектор на фудбалската репрезентација.
60-годишниот Гарсија првпат во кариерата презема селекторска функција, откако претходно беше тренер на Сент Етјен, Дижон, Ле Ман, Лил, Рома, Марсеј, Лион, Ал Наср и Наполи. Има шампионска титула во Францја со Лил во 2011 година, а во 2011, 2013 и 2014 година беше прогласен за најдобар француски тренер.
Белгија бележеше лоши резултати изминатата година поради што следи сега промена на селекторската функција. Проблемите во белгискиот национален тим почнаа по судирот на Тедеско со првиот голман Тибо Куртоа, поради што голманот на Реал Мадрид одлучи да се откаже од националниот тим.
Белгија е во квалификациската група за пласман на СП 2026 со Македонија, а во која се уште и селекциите на Велс, Казахстан и Лихтенштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

