Руди Сери е едно од бројните засилувања што Еурофарм Пелистер ги ангажираше како дел од ремонтот во играчкиот кадар.
Францускиот интернационалец кој настапува на позицијата лев бек е презадоволен од почетокот на авантурата во мак-ракометот и со нетрпение ги очекува првите натпревари во дресот на битолчани.
„Одлично ми е тука. Добро сум прифатен во градот и во клубот. Градот е прекрасен, веќе гостував тука како противник и сега сум задоволен што ќе живеам во Битола. За мене ново искуство е тренер кој говори англиски и екипа која комуницира на повеќе јазици во соблекувалната. Напорно работиме, можеби малку повеќе од другите екипи, но имаме многу новајлии и по три недели работа нестрпливо ги чекаме натпреварите. Пасијата на луѓето по ракометот тука е нешто ново за мене. Еднаш гостував со Бидасоа Ирун во Битола и бев импресиониран од амбиентот во салата. Поинаков е клубот и градот од француските и шпанските, но тука сум да научам и да се привикнам на македонскиот стил“, вели Руди Сери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА