Французите до прва победа во Лигата на нации

Светскиот првак Франција ја оствари првата победа во Лигата на нации совладувајќи ја Холандија на домашен терен со 2-1. Сега „триколорите“ се на првата позиција во групата 1 од Лигата А, со четири освоени бода по два натпревари.

Килијан Мбапе во 14.минута донесе водство за француската селекција, а Рајан Бабел во 67.минута успеа да израмни. Сепак, Оливие Жиру осум минути подоцна вторпат погоди за домаќините, носејќи триумф од 2-1.



Во лигата Б, Данска во комплетен состав, откако фудбалерите ги надминаа недоразбирањата со раководството на федерацијата, славеше против Велс со 2-0. Двоен стрелец беше Кристијан Ериксен. Украина со 1-0 ја победи Словачка, со погодокот на Андриј Кармоленко од пенал.

Во лигата Ц, Кипар беше поуспешен од Словенија (2-1), а Бугарија ја совлада Норвешка со 1-0.

Се вчитува...