Французите го избраа тимот за ЕП 2022: Од коронавирус се зарази уште една голема „ѕвезда“

Францускиот селектор Гилјом Жил го објави списокот од 20 ракометари кои ќе патуваат на последниот пријателски дуел со Германија в недела, по што експедицијата на „триколорите“ ќе отпатува за Сегедин за настап на ЕП 2022.

Французите се соочија со бројни проблеми во текот на подготовките, веќе отпаднаа Ремили и Лука Карабатиќ, а по последните информации со националниот тим нема да патува ниту Валентин Порт. Десниот бек има коронавирус и дополнително ќе се приклучи на репрезентацијата, но речиси сигурно е дека Порт ќе го пропушти премиерниот дуел со Хрватска закажан за 13 јануари.

Капитенот на Монпелје се најде на листата на селекторот од 20 ракометари, но ќе може да се приклучи дури по два негативни теста, најмалку пет дена по позитивното тестирање.

СОСТАВ ФРАНЦИЈА:

Голмани: Десбон (Ним), Жерар (ПСЖ), Пардин (Аикс)

Леви крила: Деска (Монпелје), Наи (Киелце).

Леви бекови: Никола Карабатиќ (ПСЖ), Конан (Аикс), Лагард (Аикс), Брие (Нант)

Средни бекови: Мае (Веспрем), Монар (Нант), Мин (Нант)

Пивоти: Фабрегас (Барселона), Турнат (Киелце)

Десни бекови: Мем (Барселона), Ричардсон (Барселона), Бос (Монпелје).

Десни крила: Кунку (ПСЖ), Лен (Монпелје), Порт (Монпелје).

Се вчитува...