Дидие Динар не ја искористи укажаната шанса како селектор на Франција, па по слабите игри и резултати на ЕП 2020 поранешниот „експерт за одбрана“ доби отказ од кормилото на националниот тим.
Франција со прикажаната игра е далеку под очекувањата на ракометната јавност во оваа земја, младите ракометари никако не успеваа да се адаптираат во системот на игра на Динар, а ниту оние поискусните не најдоа начин да ја преземат одговорноста како што тоа го правеа под водство на Онеста.
Во една таква ситуција, челниците на Француската Ракометна Федерација решија да не ризикуваат во пресрет на предолимпискиот турнир (17-19 април) и да се разделат од Динар. Според весникот Л’Екип, кој прв ја објави оваа информација, главен кандидат за негов наследник е уште еден поранешен репрезентативец на Франција, Гијом Жил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА