Французите им се одмаздија на „аѕурите“, Израел ја шокираше Белгија

Франција како гостин ја совлада селекцијата на Италија со 1-3, одмаздувајќи им се на тој начин на „аѕурите“ за поразот со идентичен резултат претрпен на домашен терен во првото колоод Лигата на Нации. Со трите бода од овој дуел Французите се искачија на првото мето на табелата во војата група и ќе се најдат во четврфиналето заедно со Италија, која заврши како второпласирана и би требало да добие нешто потежок ривал во четвртфиналето.

Дешамп за разлика од првиот меч ги немаше на располагање Мбапе, Дембеле и Гризман, но францускиот тим делуваше разиграно. Во главна улога не беше напаѓач, туку плејмејкерот Адриен Рабио, поранешниот фудбалер на Јувентус два пати го матираше голманот Викарио и го трасираше патот до победата. Вториот гол за Франција беше автогол на голманот Викарио по фантастичниот слободен удар на Лука Дињ, додека единствениот погодок за домаќините беше дело на Камбијасо, по центаршутот од левата страна што го испрати Димарко.

Во вториот меч што се одигра на неутрален терен во Будимпешта селекцијата на Израел ја шокираше Белгија славејќи со 1-0. Белгијците настапија без повредениот Лукаку, згора на тоа во првото полувреме мораше да биде заменет и Тросар поради повреда, а Израел ги искористи проблемите на противникот и стигна до победа со голот на Јарден Шуа во 86. минута по големата грешка на противничките дефанзивци.

Се вчитува...