Французите ја исфрлија Аргентина, па следеше тепачката на теренот

Франција ја заокружи листата на полуфиналисти на фудбалскиот турнир на Олимписките Игри откако „триколорите“ вечерва по жестока битка успеаја да ја елиминираат Аргентина со 1-0.

Матета беше стрелец на единствениот гол на самиот почеток, откако напаѓачот на Кристал Палас скокна највисоко по еден корнер и го совлада аргентинскиот голман. Двете селекции имаа своите шанси за да постигнат гол, но мрежите до крајот мируваа и мечот заврши со минимална победа на домашната селекција. Последниот судиски свиреж значеше и почеток на хаосот откако бесните Аргентинци влегоа во конфликт со француските фудбалери, според првичните информации тепачката потоа се префрли и во тунелот кон соблекувалната, а останува да се почекаат извештаите од официјалните лица и казните што сигурно ќе бидат изречени за овие немили сцени.

Следен противник на Франција ќе биде селекцијата на Египет, која по подобро изведување на пеналите го елиминираше Парагвај.

Шпанија останува сериозен кандидат за титулата откако предводена од Фермин Лопез ја совлада Јапонија со убедливи 3-0, па „црвената фурија“ во полуфиналето ќе се сретне со Мароко, кој лесно и убедливо го совлада составот на САД со 4-0.

Се вчитува...