Французите му дадоа ултиматум на Ембид

Катастрофалниот резултат на Светското првенство кое оваа година се одржа во Индонезија, Филипини и Јапонија ја мотивираше француската кошаркарска репрезентација да направи се во своја можност да се покаже во вистинско светло на Летните олимписки игри кои се ќе одржат во Париз во 2024.

За таа цел Венсан Коле во тимот сака да го има МВП-то на НБА лигата, Џоел Ембид кој неодамна доби француски пасош.

Проблемот се јавува во тоа што центарот на Филаделфија е врбуван и од страна на Соединетите американски држави кои имаат проблем на позицијата „пет“ па спортскиот директор Грент Хил е во преговори за негов ангажман.

Тоа воедно го намалува трпението на раководството на француската федерација. Претседателот Жан-Пјер Сиутат говорејќи за француските медиуми изјави дека постои и ултиматум.

„Одлуката во врска со Ембид ќе биде донесена брзо. Се надеваме дека и тој тоа го знае. Треба да имаме одговор до десети октомври, на тој датум го поставивме рокот.

Сакаме Ембид да игра за нас, но досега никој не добил официјален повик. Имаме деликатна ситуацијата бидејќи и репрезентацијата на САД сака Џоел да игра за нив“, изјави Сиутат.

Се вчитува...