Светскиот рекет број еден, Рафаел Надал, ќе добие специјална почест од Француската тениска федерација. На десеткратниот победник на францускиот гран-слем ќе му биде подигната статуа комплексот „Ролан Гарос“, соопштија од Француската тениска федерација.
„Заедно со Рафа ја избравме статуата и сликата што ќе ја претставиме. На конкурс ќе го изберем уметникот што ќе ја изработи. Статуата ќе биде поставена наспроти влезот на теренот „Филип Шатрие“ – изјави претседателот на Француската тениска федерација, Бернард Гудичели.
Годинава Рафаел Надал ја освои јубилејната десетта титула на „Ролан Гарос“ откако во финалето во три сета го победи Стан Вавринка. На парискиот гран-слем, Надал има 79 победи во 81 меч. Единствените порази ги претрпе во 2009 година од Робин Содерлинг и во 2015 година од Новак Ѓоковиќ.
„Тоа чувство е невозможно да се опише. Нервозата и адреналинот што го чувствувам кога играм на овој терен не може да се спореди со ниедна друга ситуација на било кој терен. Ова е најважниот турнир во мојата кариера, и секоја нова победа е посебна“- вели Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА