Француската Фудбалска Федерација го казни Пауло Фонсека со неверојатна деветмесечна суспензија поради црвениот картон што тренерот на Лион го доби на неделниот дуел со Брест.
Фонсека влезе во жесток дуел со судијата Беноа Мијо, фудбалерите на Лион спречија уште поголем инцидент, а дисциплинската комисија му ја одреди највисоката санкција на португалскиот стратег.
Според неа, Фонсека до 30 ноември нема да може да седи на клупата, додека до 15 септември воопшто нема да смее да се сретнува во соблекувална со фудбалерите на Лион, пред или по натпреварите. Јасно е дека по ваквата санкција Лион ќе мора што поскоро да ангажира нов тренер, иако Фонсека ќе може да ја води екипата во Лигата на Европа.
„Тој скокна кон мене застрашувајќи ме, решив веднаш да му покажам црвен картон. Имаше уште поинтензивно, поагресивно однесување, всушност и се обие да ме удри со главата. Дури и немав време да ја објаснам конечната одлука, што на крај излезе дека воопшто не е пенал“, изјави судијата Мијо во интервју за „Л’Екип“.
Пауло Фонсека дојде на чело на Лион на 31 јануари, откако еден месец претходно доби отказ од тренерската функција во калчолигашот Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

