Французите не запираат со провокациите – Меси во дресот на ПСЖ на насловна страна на „Франс Фудбал“ (ФОТО)

Провокациите на ПСЖ и француската јавност кон Лео Меси и Барселона пред меѓусебниот дуел во Лигата на Шампионите не престануваат, а овој пат се чини дека парижани ги преминаа границите откако реномираниот спортски медиум „Франс Фудбал“ во фокусот на насловната страна го стави Аргентинецот во дресот на клубот од „Паркот на Принцевите“ со натпис „Тајната карта на ПСЖ“.

Ова е само дел од серијата на „напади“ од страна на лица поврзани со францускиот клуб, кои продолжуваат да го повикуваат Меси следната сезона да го облече дресот на ПСЖ. „Играта“ прв започна Нејмар, продолжи и директорот на клубот, Леонардо, минатата недела оваа улога ја имаше Ди Марија, а во текот на викендот гласот го крена и Марко Верати.

Насловната слика на весникот брзо постана хит на социјалните мрежи, го заобиколи светот и ги разбесни каталонците кои досега апелираа за прекин на ваквото однесување, кој впрочем е и еден вид непочитување на Барселона како клуб и Лео Меси како еден од најдобрите фудбалери во историјата.

 

 

Се вчитува...