Актуелниот вицешампион на светот, Франција се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во Германија откако по драматичен натпревар славеше против Португалија и тоа по изведување на пенали. Со тоа Французите закажаа полуфинална средба против Шпанија за која сепак ќе има промени во составот.
Франција не игра на претпознатливото ниво, не постигна гол од игра во досегашниот дел од шампионатот па француските медиуми најавуваат промени во почениот состав во кој повеќе ќе нема место за Антоан Гризман.
Еден од лидерите на златната генерација на францускиот фудбал доби нова улога на средбата со Португлаците, а и покрај тоа што ја одигра умешно, Дешамп ќе го остави на клупата за резерви. Кој ќе добие шанса на неговото место останува неизвесно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА