Француската лига денеска и официјално означи крај на сезоната, именувајќи го ПСЖ за нов шампион. Повеќе од еден месец трае прекинот на ракометната сезона во оваа земја, а откако стана јасно дека не постојат услови во блиска иднина првенството да продолжи, денеска беше донесена конечна одлука за целосен прекин.
Согласно табелата, ПСЖ е првопласиран со 35 бода, а Кире Лазаров со Нант стана вицешампион, со оглед на фактот дека во моментот на прекинот тимот на македонскиот капитен беше на втората позиција со 29 освоени бода. Согласно новиот формат на европските натпреварувања, Нант, Ним, Монпелје и Тулуз, ќе обезбедат пласман во новоформираната Лига на Европа, но не се исклучува можноста Нант и Монпелје да аплицираат и за вајлд-карта во Лигата на шампионите, каде Франција има само едно загарантирано место.
Воедно, донесена е одлука сезонава да нема испаѓање од елитното француско ракометно друштво, а Првата лига за следната сезона ќе се зголеми за два тима, со влегувањето на Сесон и на Лимож како најдобри екипи од втората лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

