Французите покажаа класа против Колумбија

Мартовскиот прозорец се покажа како вистински погодок за француската репрезентација, која успеа да слави и на двете средби одиграни на мини-турнеата низ САД.

Неколку дена по триумфот од 2-1 над Бразил, француските фудбалери вечерва беа подобри и од Колумбија, рутински триумфирајќи со убедливи 3-1.

Дезире Дуе го отвори резултатот откако ударот на крилниот офанзивец на ПСЖ закачи еден противнички дефанзивец и го измами колумбискиот голман. На одмор се замина со 2-0 откако Турам стрелаше прецизно со глава, а во вториот дел Франција поведе и со 3-0, со вториот гол што по еден беспрекорен контранапад го постигна Дуе.

Се што успеа Колумбија да стори до самиот крај беше утешниоот погодок на „резервистот“ Кампаз во 77. минута.

Се вчитува...