Французите шокирани од отпишаната Шпанија

Франција го претрпе и вториот пораз во главната фаза од ЕВРО 2026, овојпат од селекцијата на Шпанија со резултат 32-36, повторно покажувајќи знаци на сериозна слабост и осцилации откако првата рунда ја одиграа беспрекорно. Ако за дуелот со Данска може да се каже дека поразот беше очекуван, овој денешниот е сосема спротивен, особено ако се земат во предвид трите порази во низа што Шпанија ги имаше во Хернинг (од Германија, Норвешка и од Данска).

Сепак, „црвената фурија“ одигра меч за паметење, апсолутно го надигра големиот ривал и сосема заслужено се радуваше на победата. Шпанците одиграа прво полувреме за паметење во кое го торпедираа францускиот гол постигнувајќи 20 гола (20-14). Дебоне застана на голот на Франција и противникот успеа да се врати барем за момент, но шпанската репрезентација не дозволи разликата да се спушти под два гола. Во клучните моменти импресивен беше голманот Хернандез, во нападот мечот на кариерата го одигра левото крило Баруфет, за заслужена радост на ракометарите на „црвената фурија“.

Баруфет го заврши натпревраот со 10 гола, Гомез и Гури постигнаа по пет, додека Хернандез имаше 14 успешни интервенции на овој дуел. Во таборот на Франција, Мин беше прв стрелец со седум погодоци, пред Деска со пет.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...