Француските ракометари веднаш по доаѓањето во Сегедин останале шокирани од непочитувањето на корона-протоколите. „Триколорите“ имаа бројни случаи на Covid-19 веднаш по почетокот на подготовките, еден од нив беше и Никола Карабатиќ, а ракометната суперѕвезда не ја криеше шокираноста од она што го виде во Сегедин.
„Ова не е нормално, се плашиме да не фатиме корона, следиме строги протоколи и потоа доаѓаме во хотелот, а таму никој не носи маска. Јадеме на исто место како и сите останати гости на хотелот“, изјави Карабатиќ.
Идентичен е ставот и на првиот голман на француската репрезентација, Винсан Жерар.
„Кога пристигнавме, не ми се веруваше… низ хотелот шетаа луѓе со костими за капење затоа што овде има и базен, а никој не носеше маска. Нивото на заштита и на следење на протоколите овде е ајде да речеме различно, да не употребам некој друг потежок збор“, прокоментира Жерар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА