Французите убедливи против Тунис во тест меч пред ЕП

Еден од главните фаворити за освојување на златниот медал на претстојното Европско првенство во ракомет кое ќе се игра во Германија, репрезентацијата на Франција со убедлив триумф против Тунис од 35-26 ги стартуваше подоготовките за континенталниот собир.

Французите уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на полувреме имаа огромна предност од седум гола (20-13). Во вториот дел иако Тунис пружи за нијанса посилен отпор, сепак африканската селекција немаше сила за ништо повеќе од пораз од 35-26.

За потсетување покрај Македонија, Французите во групната фаза на европскиот шампионат ќе играат и против домаќинот Германија и против Швајцарија.

Се вчитува...