Ракометарите на Франција веќе се се поблиску до полуфиналето на Европското првенство 2024, откако и во вториот меч од втората фаза на шампионатот лесно славеа против Исланд со 39-32 (17-14).
Французите од натпревар на натпревар се поотворено ја демонстрираат својата моќ, па како се доближуваат до завршните натпревари играат се подобро.
Исланѓаните немаа сили денеска, пак, да се спротистават на францускиот тим кај кои во листата на стрелците се запишаа буквално сите ракометари, со исклучок на голманите. Најефикасни беа Фабрегас и Ричардсон со по шест гола, а по пет постигнаа Ремили и Дика Мем. Кај Исланд, Видарсон и Кристијансон постигнаа по шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА