Несудениот освојувач на наградата „Златна топка“, Винисиус Џуниор добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија, пренесуваат медиумите во Шпанија. Станува збор за фрапантна понуда од засега неименуван клуб кој му нуди пет годишен договор со добивка од една милијарда евра по сезона.
Тоа е четири пати поголема плата од онаа која во моментот ја има најплатениот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо. Португалецот во Ал Наср е платен 263 милиони евра годишно.
Покрај тоа Бразилецот во новиот клуб би се прашувал и за спортската политика, нешто слично со договорот кој Килијан Мбапе го имаше со ПСЖ.
Винисиус би постанал и заштитно лице за Светското првенство кое во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА