Фрапар: Горда сум што ќе испишам историја

Стефани Фрапар денеска ќе стане првата жена судија во историјата на Светските првенства. Таа ќе го води натпреварот меѓу Германија и Костарика.

Французинката ги сподели своите чувства на Твитер, на само неколку часа пред почетокот на овој натпревар.

„Чувствувам огромна емоција, бидејќи не очекував да се најдам на списокот за Светското првенство. Многу сум горда бидејќи ја претставувам судиската организација на Франција на Светското првенство. Целта е добро да го водиме натпреварот и да бидеме на нивото на конкуренцијата“, напиша Фрапар.

Се вчитува...