Фудбалската репрезентација на Италија славеше на домашен терен над Украина со 2-1 во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија. Херој за „аѕурите“ беше младиот Давиде Фратези кој ги постигна двата гола за домашниот тим.
Италијанците стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Фратези во 12. минута, а истиот фудбалер во 29. минута зголеми на 2-1. Украинците до крајот на првиот дел намалија на 2-1 преку Јармоленко во 41. минута.
До крајот мируваа мрежите, а Италија се израдува на вториот триумф во квалификациите, a прв за Лучијано Спалети како селектор.
Italy [2] – 0 Ukraine – Davide Frattesi 30'
byu/Previous-Success8007 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

