Фред е првото летно засилување на Манчестер јунајтед откако бразилскиот интернационалец денеска потпиша петгодишен договор со „црвените ѓаволи“. За овој трансфер англиските медиуми шпекулираа веќе подолго време, за Јунајтед денеска и официјално да го потврди, откако фудбалерот ја доби и неопходната работна дозвола за настап во Премиер-лигата. Фред пристигнува од редовите на Шахтјор, а украинскиот клуб ќе добие 53 милиони фунти од овој трансфер.
„Пресреќен сум што добивам шанса да заиграм за овој клуб, гигант со богата историја и традиција. Со нетрпение очекувам да почнам да го носам дресот на Манчестер јунајтед. За мене, името Манчестер јунајтед значи големина, затоа и не размислував премногу кога ја добив понудата од овој клуб. Имам еден настап на Олд трафорд како играч на Шахтјор, тоа е неверојатен стадион, се сеќавам дека играв против Рајан Гигс. Сега ќе имам можност да настапувам како домашен играч за Манчестер“ – изјави Фред при потписот на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА