Фрејзер-Прајс на училиштна трка не им даде никаков „попуст“ на останатите родители (ВИДЕО)

Шели-Ен Фрејзер-Прајс е една од најдобрите спринтерки од Јамајка и една од најуспешните спортистки на сите времиња, освојувачка на златен медал на Олимписките игри во Пекинг 2008 и Лондон 2012 на 100 метри. Има вкупно осум одличја од најголемиот светски спортски настан.

Денес има 39 години, живее во САД со семејството и се уште е активен спортист. Таа најави дека ќе трча до 40 години, а успешно ја балансира кариерата и животот како мајка на осумгодишниот Зион.

Зион е причината за снимката која го обиколи светот. Фрејзер-Прајс учествуваше на спортски ден во училиштето на нејзиниот син на трката на 100 метри.

Шели-Ен не си поигруваше со нејзиното име и углед. Таа ја одработи трката како да е финале на Олимписките игри. Таа го истрча делот најбрзо што можеше, а снимката што се појави најдобро ја покажува разликата меѓу неа и обичните дами во брзината.

 

Се вчитува...