Френк Лампард ќе го спасува Евертон со играч на Манчестер Јунајтед

Желбата на навивачите на Евертон, Френк Лампард да биде новиот тренер на тимот ќе се оствари денеска, а поранешниот стратег на Дерби и Челси со себе на „Гудисон Парк“ ќе донесе и неколку засилувања од кои и еден фудбалер на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.

Станува збор за Дони ван де Бек кој беше дел од „златната“ генерација на Ајакс, но по трансферот во Манчестер Јунајтед не успеа да го покаже својот потенцијал. Холанѓанецот повеќе време помина на клупата, но се чини дека на нејзиното „греење“ и дојде крајот па и покрај тоа што е во долгите планови на „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната ќе има можност да се докаже на друг стадион.

Покрај Манчестер Јунајтед и Ван де Бек очекувањата се Лампард да го насочи погледот и кон својот Челси каде како опција се јавуваат три играчи: Тимо Вернер, Били Гилмур и Рос Баркли. Последните два се и поверојатна опција со оглед на маките на „сините“ во нападот и оваа сезона.

Евертон по 20 одиграни натпревари во Премиерлигата се наоѓа на 16. место на табелата со 19 освоени бода, четири повеќе од Њукасл кој се наоѓа во зоната за испаѓање во Чемпионшип.

Се вчитува...