Фримпонг потпиша: Во Леверкузен беше супер, но Ливерпул е друго ниво…

Ливерпул денеска и официјално го потврди трансферот на Џереми Фримпонг, холандскиот офанзивен десен бек кој доаѓа од редовите на Баер Леверкузен за сума од 35 милиони ерва.

„Црвените“ веднаш по објавата на Трент Александер Арнолд дека заминува во Реал Мадрид ги интензивираа преговорите со Холанѓанецот, по што по договорените лични услови ја активираа клаузулата за неговиот договор со германксиот вицепрвак.

Фримпонг одигра важна улога во освоената двојна круна пред две сезони, а во 2024/25 одигра дури 53 средби за Баер Леверкузен. Она што е интересно, станува збор за играч кој беше дел од академијата на Манчестер Сити, во 2019 година се пресели во Селтик, за две години подоцна да замине во Баер Леверкузен.

„Секако, секој од нас сонува да заигра за топ-екипите од самиот врв на Европа. Јас сепак се решив за поинаков пат, бев во клубови во кои најважно ми беше да сум стандарден и да играм… и сепак стигнав до целта. Енфилд е најдобриот стадион на кој сум гостувал како играч на Баер, едвај чекам да заиграм… Немам зошто да трошам зборови на квалитетот на тимот, па тие се нови шампиони во Премиер-лигата. Кога бев во Баер, секогаш ми беше многу, многу тешко на дуелите со Ливерпул. Јас многу го сакам Леверкузен, клубот и луѓето таму, ми беше навистина супер, но Ливерпул сепак е друго ниво…“, изјави Фримпонг по потписот на договорот со „црвените“.

Се вчитува...