Фриц оптимист: Имам претчувство дека ќе го победам Синер

Тејлор Фриц стана првиот американки тенисер кој стигнал до финалето на УС Опен откако Енди Родик го стори тоа пред цели 18 години, но Фриц не планира да застане тука.

Американецот вечерва во 21 часот ќе излезе на мегдан со првиот носител Јаник Синер, јасно е дека италијанскиот тенисер ќе ја има улогата на фаворит, но Фриц верува дека може да му ги замрси сметките.

„Имам претчувство дека ќе го победам Синер во финалето, навистина го чувствувам тоа. Во полуфиналето со Тиафое играв под голем стрес, беше тешко да се игра полуфинале во Њујорк против сонародник, полуфинале во кое важите за фаворит. Се ќе биде поинаку во финалето“, изјави Фриц.

Овие двајца тенисери имаат одиграно два меѓусебни меча во минатото, двата во Индијан Велс, при што Синер и Фриц имаат по една победа.

„Знам дека никогаш не е лесно кога играте првотив светскиот број 1, но јас секогаш сум играл врвен тенис во тие мечеви. Мислам дека ритамот на игра на Синер ми одговара, секогаш сум на ниво против него. Затоа и имам претчувство дека повторно ќе играм добро и ќе тримфирам“, истакна Фриц.

Американецот со самиот пласман во финалето скокна од 12. на седмото место на АТП-листата, а со триумф вечерва би напредувал за уште едно место, но и би обезбедил учество на завршниот турнир во Торино.

Се вчитува...