Фрлена бомба на автобус во Бразил, повредени тројца фудбалери

Во експлозија на автобус повредени се тројца фудбалери на бразилскиот клуб Бахиа. Со автобусот тие оделе на натпревар против боливискиот Сампајо Кореа, а непознати напаѓачи фрлиле кон автобусот рачно изработена бомба.

И покрај целиот шок кој го доживеале фудбалерите на бразилскиот тим, главниот судија на мечот сепак донел одлука дека тој мора да биде одигран, а Бразилците и покрај се славеле со 2-0.

Најлошо од сите фудбалери на тимот помина голманот Данило Фернандеш кој вечерта ја помина во болница со големи повреди на лицето, вратот и нозете.

Се вчитува...