Фросиноне ја шокираше Аталанта, Монца го совлада Емполи (ВИДЕО)

Аталанта го претрпе првиот пораз во Серија „А“ откако загуби од новајлијата Фросиноне во 2. коло во италијанскиот шампионат. Харуи во 5. минута донесе предност од 1-0, а на 2-0 зголеми Монтериси.

Во вториот дел Запата успеа само да намали, но четата на Гасперини не го избегна поразот и покрај тоа што доминираше во статистичките податоци.

Екипата на Монца дојде до првите три бода во новата сезона. На домашен терен го совлада составот на Емполи. Колпани во последната минута од првиот дел донесе предност. Истиот играч во 53. минута ги постави конечните 2-0.

Се вчитува...