Интер ја оствари деветтата победа во Серија А оваа сезона, убедливо совладувајќи го Фросиноне на домашен терен со 3-0. „Нероаѕурите“ по овој триумф се искачија на втората позиција на табелата со 28 бода, девет помалку од лидерот Јувентус.
Тренерот Лучијано Спалети на овој меч да стартува без Мауро Икарди, но на предизвикот одговори Кеита Балде. Тој беше двоен стрелец, погодувајќи во 10. и во 82.минута, а во листата се запиша и Лаутаро Мартинез, кој ја затресе противничката мрежа во 57.минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

