Крис Фрум е на чекор до триумф на велосипедската трка Џиро Д’Италија. Тој ја презеде розовата маица за лидерот во генералниот поредок благодарение на одличното издание на 20. етапа која се одржа вчера.
На Фрум му е потребно само сигурно да ја комплетира денешната 21. завршна етапа која има повеќе параден карактер и ќе дојде до комплетен успех со што ќе стане првоит Британец кој триумфирал на трката околу Италија.
Aко победи на Џиро Д’Италија, велосипедистот на тимот „Скај“ ќе влезе во друштвото на Еди Меркс и на Бернар Ино како само третиот велосипедист кој во еден момент има три титули од трките од Гранд – серијата. Фрум во моментов ги има титулите од Тур де Франс и од Вуелта.
Последната етапа на трката околу Италија, денеска е закажана за 16 часот. Промоцијата на најуспешните ќе биде во Рим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА