ФЦСБ: Ако Николов има понуди може да си оди

Бобан Николов е пред заминување од ФЦСБ (поранешна Стеауа), и зимава ќе има нов клуб откако и тимот од Букурешт потврди дека играчот од средниот ред не е среќен во тимот, и дека доколку има понуди, може да си замине.

На Николов договорот му истекува во летото 2023 година, меѓутоа може да се случи предвремен раскин, доколку во разговорите во двете страни се најде заеднички јазик.

За ситуацијата со Николов, за романски „Про Спорт“ разговараше генералниот директор Михаил Стоица.

„Бобан ништо ми нема кажано. Тој дојде во нашиот тим после победата над Италија во Палермо, и нормално е да има големи очекувања. Мислам дека очекуваше да игра повеќе, но во овој момент кога има играч кому договорот му завршува на лето, а вие имате играчи кои имаат договори 3-4-5 години, тоа е потешко. Мислам дека е несреќен, но не е тип што создава лоша атмосфера. Ако има понуди, може да си оди“, рече Стоица.

Пред неколку дена се појави информација дека шпански второлигаш е заинтересиран за неговите услуги.

Се вчитува...