Екипата на ФЦСБ ги интензивира подготовките за претстојниот двомеч со Шкендија во второто квалификациско коло од Лигата на Шампионите, а стручниот штаб на романскиот првак се реши и за рокада во пријавените фудбалери на списокот на УЕФА.
Така, во комбинација за двомечот против Шкендија ќе бидат двајца нови напаѓачи кои не играа во првото квалификациско коло. Денис Алибек и Даниел Бирлигеа се квалитетни фудбалери кои имаат што да покажат, а не беа во комбинација изминатиот период поради повреди.
Последните информации говорат дека двајцата се уште не се максимално подготвени, нивниот настап на првиот меч во Скопје е под сериозен знак прашање, но Романците веруваат дека Алибек и Бирлигеа ќе можат да помогнат на реваншот во Букурешт.
Во однос на првиот список на ФЦСБ до УЕФА, за двомечот со Шкендија од комбинација отпаднаа дефанзивецот Власкеану и крилото Андреј Георгица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

