ФЦСБ со интерес за Дарко Велковски

ФЦСБ, или поранешна Стеауа Букурешт се интересира во своите редови да го донесе Дарко Велковски, кој како слободен агент би можел да се пресели во романскиот тим, и некогашен европски првак.

Велковски е слободен агент, откако раскина со Ал Итифак, а во изминатите месеци имаше неколку понуди од Шпанија, Полска, Португалија, но и натаму нема ангажман.

Според сознанијата на ЕКИПА, преговорите меѓу Велковски и романскиот клуб се одвиваат, и наскоро ќе се знае дали ќе ја прифати понудата да биде дел од романската екипа. Минатата сезона дел од ФСЦБ беше Бобан Николов, кој си замина и се врати во Унгарија.

Велковски во меѓувреме и го загуби репрезентативниот статус, со оглед дека е слободен агент и за „кам-бек“ во националниот тим ќе мора да се врати на клупскиот фудбал.

Се вчитува...