Фудбалскиот свет во шок: Маж бранел за женската фудбалска репрезентација на Иран! (ФОТО)

Шокантни вести одекнаа во фудбалскиот свет, откако се дозна дека на фудбалскиот натпревар помеѓу женските фудбалски репрезентации помеѓу Јордан и Иран одигран на 25 септември во квалификациите за Азискиот Куп, иранскиот тим во својот состав имал маж.

Фудбалската федерација на Јордан испратила официјално барање до Азиската фудбалска федерација да спроведе транспарентна и истрага со цел да се провери дали за Иран бранел маж, наместо жена.

„Со оглед на претставените докази од Јорданската фудбалска федерација и со оглед на важноста на натпреварувањето, ние бараме АФЦ (Азиска фудбалска федерација) да спроведе транспарентна и јасна исграга со помош на независни медицински експерти и да истражи дали играчот во прашање можел да настапи, а истото важи и за другите играчи, со оглед на фактот дека иранскиот фудбалски тим има историја на скандали со полот и допингот“, се вели во писмото на Јорданците до АФЦ.

Натпреварот по регуларните 90 минути заврши со резултат 0-0, а во пенал-рулетот славел Иран со 4-2. Од фотографиите може лесно да се види дека за Иранките бранело машко лице иако тоа во прв план не било воочливо, бидејќи како и останатите фудбалерки на Иран, на терен се појавил со хиџаб.

 

Се вчитува...