Работнички и Ренова ремизираа без голови на „Телеком Арена“ во првиот меч од 21.коло во Првата фудбалска лига на Македонија. И двете екипи како повеќе да внимаваа на својот гол, но и шансите кои ги создадоа пред противничкиот – не ги реализираа.
„Гипсарите“ имаа можеби и повеќе можности за да стигнат до победнички погодок. Јусуфи не ја искористи првата, а на самиот крај од првиот дел Арџент Гафури го погоди дирекот од голот на Работнички. Сепак, и голманот Божиновски убаво го затвори аголот, па мрежата на „романтичарите“ не се тресеше.
Јусуфи имаше можност и во второто полувреме, но без ефект, а во 69.минута, Работнички можеше до водство по акцијата на Филип Ивановски. Тој шутираше откосо од левата страна од седум метри, Хаџо го одбрани неговиот удар, топката продолжи во дирекот, а откако се одби, колосална шанса пропушти и Иван Вуковиќ. Тој од само три метри не погоди на вистинското место.
На крајот, се чини дека поделбата на бодовите е најреален епилог на оваа средба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА