На израелските фудбалери им претстои мини-серија во која за десет дена ги очекуваат четири квалификациски натпревари за ЕВРО 2024. Доцна синоќа пристигнаа во Приштина каде денеска ќе се сретнат со Косово.
Претставниците и целиот персонал се чувани од силни полициски сили, а пред денешниот меч ќе бидат распоредени и снајперисти кои треба да ги чуваат фудбалерите на Израел.
„Се очекуваат околу 300 полицајци и припадници на специјалните единици. Снајперисти ќе бидат распоредени на покривите на куќите во близина на стадионот. Специјални агенти се околу хотелот 24 часа и секој гостин поминува низ најсилните мерки на претпазливост“, пишуваат медиумите од Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА