После Кавадарци, и теренот во Неготино е суспендиран. Поради напад на гостинските играчи на Охрид во рамките на вчерашниот натпревар во ВМФЛ, ФФМ донесе одлука да го суспендира и теренот во Неготино.
Така овие два терени сега ќе бидат суспендирани, и Тиквеш, односно Вардар Неготино своите мечеви како домаќини ќе ги играат на 100 километри подалеку од својот град.
„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за натпревари,на вондредна седница по прегледаните извештаи и снимки од натпреварот во рамки на 4. коло од Втора МФЛ одигран на ден 25.09.2024 година на Градскиот стадион Неготино помеѓу екипите на ГФК Вардар Неготино- ГФК Охрид Лихнидос поради физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на ГФК Охрид Лихнидос, комисијата донесе одлука според член 94 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Градски стадион Неготино . Суспензијата стапува на сила веднаш“, стои во соопштението на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА