Македонските прволигаши минаа подготовки под повеќе од добри временски услови, и сите оние кои останаа на наше тло, но затоа, пак, фудбалската пролет викендов ни почнува под снег.
Снежните врнежи ќе го одбележат стартот на фудбалската пролет. Така е и во Струмица каде стартуваше првиот натпревар од вториот дел на шампионатот меѓу Академија Пандев и Работнички. Теренот на спортскиот комплекс „Горан Пандев“ е комплетно под снег, но домаќините обезбедија услови за одржување на натпреварот, кој во еден момент беше и под знак прашање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

