„Фудбал-ранкингс“: Македонија со 1% шанси за пласман на ЕВРО 2024, веќе се сигурни Шпанија, Англија, Албанија, Турција, Унгарија…

Иако е веќе сосема јасно дека сонот за Европско првенство 2024 за македонската репрезентација заврши со вчерашниот пораз од Украина, сепак, Македонија се уште не е без теоретски шанси. Така барем тврди специјализираната фудбалска страница за статистика „Фудбал-ранкингс“.

Според аналитиката на „Фудбал-ранкингс“, Македонија има 1% шанси се уште да се надева на пласман на ЕВРО 2024. Помалку шанси од една статистичка грешка… Со исти или слични шанси како Македонија се и Шведска, Грузија, Ерменија, Молдавија, БиХ, Азербејџан, Исланд, Косово…

Од актуелниот квалификациски циклус, покрај домаќинот Германија, веќе место на ЕП следната година обезбеди Франција, Португалија и Белгија, а со над 90% шанси, што со сигурност веќе за нив значи пласман меѓу најдобрите на Стариот континент се Шпанија, Англија, Шкотска, Турција, Албанија, Швајцарија, Унгарија, Србија, Австрија, Данска…

Интересно, по вчерашната победа над Финска, шансите на Словенија пораснаа од 38% на високи 73%, па Словенците сега заедно со Хрватска, Србија и Црна Гора од поранешните ју-републики се уште се надеваат на место на ЕП 2024.

Се вчитува...